Расправата за Законот за јазици продолжува утре, за опозицијата тој е неуставен

by fokus

На денешната собраниска расправа за Законот за упореба на јазици власта побара да се јакнат сличности на различните етнички заедници и да се изнаоѓаат заеднички решение, а за опозицијата овој закон е противуставен и непотребен.

-Ве охрабруваме да подготвите амандмани. И ние тоа ќе го сториме за законот да биде ефикасен, ефективен и да ги задоволува сите критериуми поврзани со Уставот, му реплицираше Хари Локвенец на Влатко Ѓорчев кој истакна дека со предложеното решение се дискриминираат помалите етнички заедници, како и дека мора да се размислува за инструменти за заштита на македонскиот јазик.

Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Законот не е ратификуван од граѓаните зашто кога тие гласаа не беа запознаени со решенијата што сега се предлагаат.

-Имаа навестување, но за ова немаа можност да се изјаснат. Мора да размислиме за инструментите за заштита на македонскиот јазик зашто некогаш граѓаните кои зборуваат македонски се среќаваат со пристап кој би требало да биде подобар. Треба да дискутираме за сите јазици, но и за македонскиот јазик, истакна Ѓорчев.

Собраниската расправа за овој закон ќе продолжи утре во 12 часот.

Поврзани новости