Расправата во Врховниот суд за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ одложена за в понеделник

by fokus

Поради технички причини денеска во Врховниот суд се одложи расправата по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, за што до овој суд поднесоа Барање за заштита на законитоста.

Обвинителката Ленче Ристовска истакна дека расправата за овој случај е одложена за во понеделни.

-Со барањето за заштита на законитоста се бара Врховниот суд да утврди дека решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје I Скопје, со кое е одбиено барањето на ова Јавно обвинителство за обезбедување на дел од имотот на една политичка партија, било незаконито, велат од СЈО.

Поврзани новости