Распишан оглас за реновирање на канцеларијата на Иванов

by Fokus

Точно една година откако беше демолирана народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов во центарт на Скопје, распишан е оглас за нејзино реновирање и адаптација.

Реновирањето ќе чини пет илјади евра и во моментот е во тек прибирањето на понуди од заинтересираните изведувачи.

Дел од демонстрантите кои беа дел од протестите на Шарената револуција, во знак на револт поради скандалозната аболиција на Иванов, ја демолираа канцеларијата која се наоѓа на рекорд.

Ова беше единствениот поголем инцидент на протестите на Шарената револуција, додека останатите денови беа генерално мирни со фрлање различни бои врз објектите на Владата и други институции од страна на демонстрантите.

Поврзани новости