Рајхел: Владата мора да одговара за сериозните обвинувања

by Фокус

Ернест Рајхел, специјалниот делегат за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА во министерството за внатрешни работи во Германија денеска се срeтна со министерот Фатмир Бесими и министерот Никола Попоски, како и лидерот на ДУИ – Али Ахмети и опозицискиот лидер Зоран Заев.

Рајхел истакна, дека Владата мора да одговара за многуте обвинувања за сериозни владини нерегуларности кои излегоа на површина.

-Во ова време, кога вашата држава се соочува со загрижувачка политичка криза, мојата посета денеска е за да нагласи дека германија длабоко се грижи за вашата иднина. Германија ја реафирмира својата посветеност за поддршка на вашата земја на патот кон НАТО и ЕУ. Оставките на министрите и на директорот на УБК би можеле да бидат важен прв чекор од почетокот на враќање на јавната доверба и во адресирање на основните уште пофундаментални проблеми кои станаа очигледни. За ова да биде можно потребно е преземање на понатамошни мерки – истакна Рајхел.

– Исто така, на мојот соговорник му го повторив барање барањето да иницира конкретни мерки во однос на недостатокот на институционална и медиумска независност, посочени во снимените разговори. Сочувство за жртвите во полициската акција во Куманово, каде 8 специјалци го изгубија животот. Се надевам дека овој настан нема да создаде тензии во меѓуетничките односи – додава Рајхел.

Тој посочи и на демократското право на протест, непосредно пред двата протестот на опозицијата, кој е закажан за во недела, но и митингот на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе се одржи во понеделник и ги повика и власта и опозицијата да покажат одговорност за услови на политичка криза во земјата.

 

Поврзани новости