Ивица Антески-Пуки сменет од функцијата началник на Алфите, на негово место седнува Примислав Димовски

by Fokus

Ивица Антевски, познат под прекарот Пуки е сменет од функцијата началник на полициската единица Алфи, а на него место е назначен Примислав Димовски, претходно припадник на единицата Тигри.

Во неговата работна биографија се наведува дека Димовски 16 години работи во Министерството за внатрешни работи и тоа во ЕБР, ЕСЗ и Алфите. Тој и е познат на јавноста и како неколкукратен првак на Македонија во бокс, а го освои и петтото место на Светското првенство во бокс во супертешка категорија. Покрај спортската кариера, учесник е и во борбите во 2001-ва година, како и во настаните од Диво Насеље.

За Антески, неговиот претходник можеше да се слушне и во „бомбите“ што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Пуки учествуваше и во апсењето на Љубе Бошкоски, за што веќе има покренато и обвинителен акт за случајот „Тортура“.

Поврзани новости