Протестот за поплавите заменет со хуманитарна изложба

by fokus

Иницијативата „Плоштад Слобода”  го откажа протестот кој требаше да се одржи вечерва пред седиштето на општината Град Скопје.

Протестот е откажан бидејќи претходно била најавена хуманитарната изложба за жртвите во невремето, која ќе се одржи вечерва 20 часот во Концепт 37.

Од Иницијативата ги повикаа граѓаните да ја посетат изложбата, а дали протестот е целосно откажан или ќе биде презакажан за друг ден, велат дека дополнително ќе ја информираат јавноста.

Тие вчеравечер повикуваа на протест за поддршка на жртвите и раселените од скопските поплави, но и на протест на кој што ќе се бара одговорност.

Поврзани новости