“Протестирам” против социјалната неправда

by Фокус
Граѓанско движење за слобода, правда и демократизација на институциите “Протестирам”, денеска ќе протестира во знакот на социјалната неправда.
#Протестирам против социјалната неправда и лошите политики за вработување. Транзицијата ја осиромаши Македонија, а оваа власт ја дозакопа! Режимот веќе предолго ги држи нашите сограѓанки и сограѓани како сопствени заложници за сопствените потреби: да гласаат, да прават списоци, да одат на контра-протести, да чистат споменици и мора тоа да го прават за да не ја изгубат и така недоволната плата. Но, ние веќе не се плашиме. Се исправаме против овај режим кој ја создаде најдлабоката нееднаквост во регионот, протестираме и се спротивставуваме за да не дозволиме уште еднаш да се повтори вакво владеење.

Протестирам против „продавањето“ на нашите работнички како робје во текстилната и кожната индустрија со најниска минамална плата. #Протестирам против лошите политики за вработување кои избркаа 600.000 граѓани, а најмногу младите, од оваа земја. #Протестирам против вештачкото намалување на невработеноста со бришење на граѓаните од листите на Агенција за вработување.

#Протестирам за правда, еднаквост, слобода! Веќе не се плашиме и не се повлекуваме. #Протестирам до денот кога ќе има правда и ќе има мир!

Поврзани новости