Протести во САД по победата на Трамп, запалено американското знаме

by fokus

Откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД, илјадници незадоволни Американци излегоа на улиците. Тие своето незадоволство го изразуваат на протестни маршови низ целата земја.

Главното мото е „Не е мој претседател“, а во Њујорк имаше транстаперент „Њујорк те мрази“. Протести имаше уште во десетина градови низ Америка. Според медиумските извештаи, протестите минале мирно, меѓутоа постојано во толпата се појавувале приврзеници на Трамп кои влегувале во гласни кавги со противниците на Трамп.

Во некои градови дури биле запалено и американското знаме, а протести имаше и во Сан Франциско, Окланд, Лос Анџелес, Портланд, Сан Диего, Чикаго и други градови.

Поврзани новости