Протест во 18 часот против одлуката за аболицирање на сите политичари

by Фокус

Граѓаните кои се незадоволни од денешната одлука на претседателот Ѓорѓе Иванов да ги прекине сите кривични постапки против политичарите и од власта и од опозицијата денеска во 18 часот ќе излезат на протест, кој го организира граѓанското движење #Протестирам.

Протестот ќе започне пред Специјалното јавно обвинителство во знак за поддршка на ова тело кое требаше да ја донесе правната разврска на политичката криза, а ќе продолжи пред Канеларијата на Иванов, кој со својата одлука практично го укина ова Обвинителство кое беше договорено со Прижинскиот договор.

-Денешната одлука на Иванов стави крај на Пржинскиот договор и крај на надежта за правда и решавање на политичката криза.
Кога правдата е загушена, улиците не смеат да бидат мирни! Се гледаме денес во 18:00 пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство да покажеме поддршка, а од таму ќе се упатиме кон канцеларијата на Претседателот. Нема правда, нема мир!, стои во повикот за протест.

Поврзани новости