Протест против договорот за добрососедство со Бугарија

by fokus

Група граѓани со знамиња во рацете денеска протестираа против потпишување на договорот за добрососедство со Бугарија. Протестот започна пред Министерството за надворешни работи, продолжи пред Соборниот храм, а заврши пред Владата на Република Македонија.

Демонстрантите се организирани преку здружението „Блаже Коневски“. Нивниот протест се одржува еден ден пред посетата на висока државна делегација од Република Бугарија која ќе пристигне во земјава утре, по што ќе следи потпишување на договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји.

Извор: Макфакс

Поврзани новости