Пронајден мртов исчезнатиот брат на Ким Катрал

by fokus

Звездата на серијата „Сексот и градот“, познатата глумица Ким Катрал, на својот твитер профил објави дека е пронајден мртов нејзиниот брат, кој исчезна неколку дена претходно.

„Со голема тага морам да објавам неочекувана смрт на својот брат Крис Катрал“, напиша 61-годишната глумица. Истовремено таа испрати молба до јавноста и медиумите да ја почитуваат нејзината приватност во тешките моменти за неа и нејзината фамилија.

Се уште не е позната причината за смртта. Од канадската полиција изјавија дека 55-годишниот Кристофер е пронајден на својот имот во Блекфолдс, Канада, и истакнуваат дека смртта не е сомнителна.

Кога тој исчезна, Ким Катрал побара помош од јавноста и од нејзините твитер следбеници за негово наоѓање.

„Тоа не личи на Крис, никогаш не би оставил незаклучена куќа и своите седум кучиња. Крис има 55 години, висок е 180 сантиметри, тежок е 90 килограми, има плави очи, кратка смеѓа коса, козја брада, и најчесто нози зимски капут до струкот со капуљача, црни ракавици и црни зимски чизми“, напиша вчера Ким.

Поврзани новости