Пронајден мртов 12-годишник, се трага по 16-ет месечно бебе

by fokus

Пронајдено е мртвото тело на 12-годишниот Иван кој враќајќи се со трактор кон Стајковски со неговиот дедо, ги затекла буица вода, пренесоа медиумите.

„Вчера околу 17:00 часот лицето И.Г. од Стајковци пријави дека на 06.08 околу 22 часот во близина на раскрсница ул 8 со ул 5 во Стајковци движејќи се со трактор, неговиот дванаесет годишен син Иван Илиев како совозач, а дедото на Иван како возач, во моментот на временските неприлики наишле на голем воден бран кој го превртел тракторот и водата почнала да го носи Иван, кон место викано Попово Маало од каде му се губи трагата. Околу 20:40 пријавено е дека на последната постојка 65 во населба Сингелиќ од страна на неговиот татко било пронајдено починатото дете. По извршена идентификација по наредба на ЈО телото на починатото дете е предадено на фамилијата за погреб.

Вчера околу 18 часот Џ.Ф пријавил дека на 06.08 околу 20 часот во близина на обиколницата Смилковско езеро движејќи се со возило управувано од неговиот брат сега починатиот Фуркан Фејзула во кое како сопатник била неговата шеснаесет месечна ќерка Елиф Фејзула, во момент на временските неприлики наишол голем воден бран, кој почнал да го носи возилото, од кога на детето му се губи секоја трага. Се преземаат мерки за пронаоѓање на детето“, се вели во билтенот.

Поврзани новости