Програмски колегиум на МТВ: Нарачаното интервју со Јанева беше емитувано без наше одобрение

by fokus

Од Колегиумот на Првиот програмски сервис на МРТ, излегоа со реакција по емитуваното интервју со специјалната обвинителка Катица Јанева. Од Колегиумот обвинуваат дека интервјуто било емитувано без нивна дозвола, а прстот го вперија кон новата уредничка Санта Аригорова.

– Иако одговорниот уредник, пред една недела беше известен дека постои желба да се направи интервју со г-ѓата Јанева, сепак уредничката Аргирова сосема недоследно и без одобрение на Колегиумот на Првиот програмски сервис, на своја рака го продуцираше интервјуто и без консултација со Колегиумот го емитуваше истото, за потоа да следат лавина од реакции за тоа како било сработено? Се разбира и уредничкиот Колегиум на МТВ1 имше прашања кои сакаше да ги постави до обвинителката Катица Јанева, но завршеното инкогнито интервју не претече сите, надвор од нормалните и професионални принципи на работа (пријава на интервју на колегиум, план за реализација и продукција и емитување на истото). Ако ништо друго, очекувавме, барем консултација по однос на содржината и монтажата на истото. И повеќе од убедени сме дека така измонтираното и реализирано интервју не му е местото на ниедна телевизија. Но на желбите и нарачките им нема крај – стои во соопштението.

Од програмскиот колегиум на МТВ додаваат дека интервјуто со Јанева е само „неуспешен обид да се даде нова професионална слика на Јавниот сервис. “

Претходно пак, од јавниот сервис јавно се извинија што целото интервју без монтажа, на специјалната обвинителка Катица Јанева,  протече во јавноста откако го објавија дел од провладините портали.

Од МТВ рекоа дека некој од вработените го злоупотребил интервјуто и најавија дека ќе биде поведена дисциплинска постапка, со цел утврдување на одговорноста.

 

Поврзани новости