Професорскиот пленум во одбрана на Кежаровски

by Фокус

И Професорскиот пленум застанува вои одбрана на новинарот Кежаровски и го поддржуваат протестот во вторник пред Апелациониот суд.

„Заробувањето на новинарот Кежаровски значи заробување на вистината, слободата на говорот, а со тоа и слободата на право на различно мислење.  Водењето на судската постапка и итното приведување на Кежаровски е јасна порака за неговите колеги новинари, но и за секој од нас кој се осмелува гласно да проговори. Не сакаме да бидеме неми сведоци на кршењето на демократските слободи, диригирано судство и беспредметни казни, во држава каде од новинарите се бара да се претворат во илузионисти.

Во име на човечките вредности, во име на вистината и правдата, повикуваме новинарот Томислав Кежаровски да биде пуштен на слобода!“- стои во соопштението на Професорскиот пленум.

Поврзани новости