Професорката Шелева ќе претседава со Управниот одбор на СВП

by fokus

Професорката на катедрата по Општа и компаративна книжевност, Елизабета Шелевска, ќе претседава со Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, откако од функцијата се повлече поетот, Дарко Лешоски.

Од Министерството за култура информираат дека за членови на Управниот одбор се именувани истакнати уметници и културни работници. Во Одборот ќе членуваат поетесата Лидија Димковска и писателот и сликар Димитрие Дурацоски.

Одлуката на министерот, Роберт Алаѓозовски, доаѓа по бројните критики и реакција во јавноста по претходното кадровско решение на Министерството.

Поврзани новости