Продолжува изборниот караван – СДСМ во Валандово, ВМРО-ДПМНЕ во Штип

by Fokus

И денеска продолжува изборниот караван низ Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска во 17:30 ќе одржат митинг во Свети Николе и во Штип (20:00).

Опозициската коалиција СДСМ  „За живот во Македонија“ ќе одржи митинг во Валандово (17:30) и во Гевгелија (19:00). Денеска во Гевелија ќе биде и Коалицијата за промени и правда.

Демократската партија на Албанците ќе митингува во Желино (18:30), а Алијансата за Албанците во Долнени (18:00) и Кичево (19:00).

Носителот на кандидатската листа за ИЕ 1 Ден Дончев на Коалицијата ВМРО за Македонија денеска од 12 до 15 часот ќе оствари средби со граѓаните на Дебар Маало, пред Клиничкиот центар Мајка Тереза и пред ГТЦ.

Демократската унија за интеграција, ја продолжува изборна кампања во регионот на Полог, како и средби со граѓани во Струга и околина, каде што се предвидени разговори со различни групи на интерес.

Поврзани новости