Приведен насилникот кој уби куче во центарот на Скопје

by fokus

Вечерва е приведен скопјанецот кој попладнево уби куче пред кафулето „Радио бар“, пред очите на гостите и случајни минувачи.

Според очевидците, средовечниот маж, му се приближил на кучето и почнал да го удира со метална шипка, иако првичните информации беа дека го заклал со секира. Кога го прашале зошто го убил, им одговорил дека многу лаело.

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека зборувал со Командирот на Полициската станица Центар и дека според она што го информирале од полицијата, обезбедени биле сите докази, официјално е утврден идентитетот, истрагата била завршена, а против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава.

Поврзани новости