Приведен напаѓачот на пратеникот Милевски

by fokus

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 откри дека е приведено лицето кое го нападна пратеникот и лидер на ЛДП, Горан Милески.

-Знаете дека имаше напад врз пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милески. Се преземаа мерки за расчистување на целиот овој напад што се случи. Ние идентификувавме лице. Беше дадено во јавноста за да може да биде препознаен неговиот идентитет. МВР го утврди идентитетот. Лицето е привецено во полициска станица и согласно насоките на Јавното обвинителство ќе се постапува понатаму, рече Спасовски.

Според него, МВР очекува од Јавното обвинителство да ги даде насоките за целосно расчистување на овој настан и за откривање на мотивите.

Поврзани новости