Приведен Косовец затекнат во касарна „Илинден“

by fokus

58-годишен државјанин на Косово со иницијали Х.Р. бил вчера во 10.00 часот приведен во Полициска станица Карпош, откако претходно бил затекнат во кругот на касарната „Илинден“.

Приведувањето е по основ постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени дејствија“ од КЗ на РМ. Од полицијата велат дека по целосно расветлување и документирање на случајот ќе му биде поднесен соодветен поднесок и ќе се превземат понатамошни дејствија.

Поврзани новости