Притисоци за администрација за митингот на ВМРО-ДПМНЕ?

by fokus

Во здравствените домови, болници, општини, училишта…, во повеќе градови во Македонија, како што јавуваат граѓан(к)и и граѓански новинари, се врши интензивна мобилизација не само на државната администрација, туку и на сите буџетари, за митингот на ВМРО-ДПМНЕ закажан во недела во Скопје, пишува Цивил.

-Се прават списоци во училишта, се ангажираат наставници и професори, им се наложува задолжително да присуствуваат на митингот во недела“, вели граѓанка од мало гратче во Источна Македонија, која инсистира на својата анонимност, исплашена за својата безбедност и работна иднина.

Од друг град од внатрешноста, пак, јавуваат граѓански новинари, се прават списоци на вработени во образованието и во Општината.

„Ќе се потпишуваат на список при влез во автобус, а потоа, кога ќе стигнат во салата’Борис Трајковски’, на списокот ќе треба да стават потпис, како потврда за нивното присуство. Кажано им е дека не смеат да отсуствуваат. На луѓето, иако се партиски членови, веќе им е здодеано да се јавуваат на сите митинзи, па наместо доброволно, од нив да се бара задолжително присуство“, вели граѓанскиот новинар, соработник на ЦИВИЛ Медиа.

Поврзани новости