Притисоци во Здружението на глуви, ќе им ги скрателе средствата ако не гласаат за нивната партија

by fokus

Членови од една политичка партија вчера дошле во „Здружението на глуви“ лоцирано кај „Арапска куќа“ и им вршеле притисок на членови на здружението дека доколку не гласаат за нивната партија, ќе им ги скратат паричните средства кои се префрлаат на сметката на здружението, велат од полицијата.

Случајот во полиција бил пријавен вчера во 17.05 часот. Од Министерството за внатрешни работи велат дека биле вршени и други притисоци во корист на партиијата. Меѓу присутните лица била и Ш.Ш., која е член на здружението на глуви лица.

Поврзани новости