Природа во служба на убавината и здравјето

by Фокус

Во билките може да се најде сета моќ на овој свет. Оној што ќе ги oсознае нивните тајни својства станува семоќен“ (Индиска поговорка)

Што е органска козметика и како да ја препознаете?

Во ова време, кога природната козметика стана тренд,  многу производители си дозволуваат да ги декларираат своите производи како природни, користејќи го ова како маркетиншки трик. Не постои легислатива со која се штити употребата на зборот природна, па затоа тој масовно се користи со цел да се привлечат потрошувачите. Сепак, постои разлика помеѓу природни и органски продукти. Oрганско значи одгледано без пестициди, без хормони за растење и антибиотици. Органските производи се добиени од состојки од биодинамичко контролирано одгледување.

Сертификат ознаката BDIH е доказ за контрола и сертификација на органското производство, без употреба на хемија. Тоа е интернационален сертификат, кој гарантира дека производот не содржи синтетички мириси и бои, силиконски масла, деривати на нафта и генетски модифицирани компоненти.

Во изработката на органските препарати најчесто се користат рачно подготовени екстракти од лековити билки, билни и етерични масла, природни восоци, вода и алкохол настанат со екстракција на билки. Природната козметика не се тестира на животни.

Виво Олео е ексклузивна линија со највисок квалитет на природни производи за ефикасна нега на кожата. Производите на Виво Олео третираат и елиминираат цела низа на проблеми со кожата. Активните растителни состојки содржани во нив, кои се достапни во природата од памтивек, даваат неверојатни резултати.

Кожата не може лесно да ги се апсорбира производите за нега чија основа се животински масти, масла или нафтени деривати, бидејќи нивната молекуларна структура е обично премногу голема за да помине низ бариерата на кожата. Истовремено, нивната точка на топење има тенденција да биде повисока од онаа на нашата телесна температура, што дополнително ја намалува нивната апсорпција и ефективноста.

Од друга страна, точката на топење на внимателно избраните растителни екстракти и етерични масла кои се сдоржат во Виво Олео производите е пониска од онаа на нашата нормална телесна температура, а нивната молекуларна структура е доволно мала за да навлезат длабоко во слоевите на кожата каде што се создаваат новите клетки и каде што овие активни состојки  обезбедуваат соодветна грижа и храна за стимулирање на производството на нови клетки на  кожата. Она што е додадено на овие природни состојки, во производството на Виво Олео производите, е осмотската вода, која ја олеснува апсорпцијата на виталните состојки низ епидермисот, благодарение на помалиот површински напон.

Поврзани новости