При поправка на трактор починал жител на Св. Николе

by fokus
Педесетгодишен жител на светиниколското село Амзабегово починал во несреќен случај, додека поправал приклучна машина за трактор.
Како што информираат од МВР, несреќата се случила околу 14 часот, кога при поправката на приклучната машина за трактор, која била подигната на бетонски блокови, во еден момент еден од блоковите се скршил, по што паднал и го поклопил Трајан Ристовски. Поради тешките телесни повреди, при транспорт кон болница, повредениот Ристовски починал.

Поврзани новости