Презакажана посетата на Рама на Белград, Албанија и Србија телфонски се смирија

by Фокус

Србија и Албанија сепак ќе се обидат да ги надминат конфронтирањата предизвикани на натпреварот на двете репрезенатации кога навивачи спуштија знаме со карта на Голема Албанија. Иако првично беше закажана за 22 октомври, сепак посетата на албанскиот премиер Еди Рама е само презакажана.

Српски „Блиц“ попладнево објави дека средбата на двајцата премиери ќе се случи на 10-ти ноември. Така се овори простор од дополнителни три седмици во кои српските власти тешко дека ќе се повлечат од истрагата со која сакаат да откријат кој стои и кој навистина управувал со леталото, а албанските со нападите кон Белград како нивна најдобра одбрана.

Но, трите седмици може и да се искористат за спушатање на тензиите и подготвување терен за историската посета, единствена во последните 70 години.

Дека работите се движат во тој правец потврдува неколкучасовниот телефонски разговор на Рама со српскиот колега Александар Вучиќ. Владата на Србија преку соопштение извести дека двајцата премиери се согласиле дека инцидентот на стадионот бил во својата суштина многу несреќен.

Иако Рама и Вичиќ останале на првичните ставови околу настанот и имаат несогласување околу предизвикувачот на провокацијата, сепак заклучиле дека не смее да се пропушти можноста за состанок и да се обидат да дадат придонес кон регионалната стабилност.

Првично Србија обвини дека братот на Рама стои зад инцидентот, додека пак Албанија го посочи домаќинот како лош организатор. За среќа, по спуштањето на знамето немаше дополнителни инциденти. Тоа најверојатно е една од причините топката полека да се спушта. Затоа средбата е само презакажана за наредниот месец.

Пред телефонскиот разговор, Рама на Твитер напишал дека Србија ќе биде нормална држава кога ќе сфати дека Голема Албанија е нејзина ноќна мора, а не нивни проект.

На тоа следувал одговор од Вучиќ кој напишал – „Да, но не само за нас, туку Голема Албанија е мора за цела Европа и на целото човештво и затоа ние ќе направиме се за да ја спречиме. Се надевам нормалните Албанци ќе ја разберат мојата порака“.

Поврзани новости