Пресудата против Звонко Костовски во „Пуч“ денеска пред Врховен

by fokus

Врховниот суд на денешната седница треба да се расправа за Барањето за заштита на законитоста поднесено од Специјалното јавно обвинителство за пресудата за шестообвинетиот во случајот „Пуч“, Звонко Костовски.

СЈО го поднесе барањето до Врховен суд со образложение дека не може да издржува казна шестообвинет во предметот, кој е осуден како помагаш на делото, а притоа да не одговараат извршителите. Освен тоа, СЈО побара равизија на пресудата поради, како што наведуваат, контрадикторните факти во случаите „Пуч“ и „Таргет“.

Скопскиот Кривичен суд на 25 февруари 2015 година донесе пресуда за поранешниот вработен во УБК, Звонко Костовски, со образложение дека како службено лице во МВР од 2010 година неовластено ја користел опремата на МВР за следење на комуникациите и во неа внесувал телефонски броеви на политичари и други јавни личности. Костовски ја потпиша спогодбата со Јавното обвинителство и се согласи за издржување затворската казна од три години.

Поврзани новости