Прекината блокадата на граничниот премин Евзони

by fokus

Граничниот премин Евзони денеска е прооден за сите видови на возила, а блокадата од трактори е отстранета, соопшти АМСМ. На преминот нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија.

Грчките земјоделците претходно соопштија дека на пладне ќе почнат да се повлекуваат од блокадата.

-Одлучивме во петок на пладне да започнеме да се повлекуваме од клучката кај Идомени, блиску до преминот Евзони на границата меѓу Грција и БЈРМ и да се вратиме на нашите ниви, изјави Томас Карипидис, претставник на земјоделците кои го блокираа Евзони за грчката информативна агенција АПЕ.

Поврзани новости