Преглед на денот: Протест за Тамара: Ја убивте ќерка ми, ќе ве стигне Божја казна

by Fokus

„Убијци на деца“, „Нема правда, нема мир“, „Сите сме Тамара“,„Животот на Тамара вреди помалку од патните трошоци на Силвана Бонева“, „Нема да ве оставиме на мир“, „Министерството за здравство стана министерство за смрт„. Ова се само дел од од извиците што можеа да се слушнат денеска на протестот за 9-годишната Тамара Димовска од Велес, кој имаше искривување на грбот, а почина чекајќи да замине на операција во странство.

Неколку стотици граѓани, со црвени картони во рацете побараа оставка од првиот човек во здравството Никола Тодоров, кој го обвинија за смртта на девојчето.

a9

Предводник на протестот беа родителите на Тамара, а нејзината мајка Жаклина и нејзиниот татко не прекинуваа да плачат, колнејќи ги институциите што дозволиле нивното чедо да почине. Тие упатија апел до хуманите луѓе, да им помогнат да го спасат нивното друго дете, осумгодишната Теона, која има срцева мана, тврдејќи дека повеќе не веруваат во институциите, бидејќи тие ја убиле Тамара.

a16

Во меѓувреме, додека траеше протестот, оставка си поднесе директорката на Фондот за здравство, Маја Парнаџиева – Змејкова, која истакна дека не е ладнокрвен бирократ. Само, неколку часа по нејзината оставка, истиот потег го направи и вториот директор на ФЗОМ, Џемали Мехази, кој тврди дека смртта на малото девојче го погодила и како човек и како родител.

a10

Протестантите одејќи кон зградата Фондот за здравство, извикуваат „затвор за убијци“! Велат, како е можно да се фрлаат пари за споменици, а да немаат 30 000 евра за лекување на деветгодишното девојче. Здравко Савески од „Солидарност“ пред зградата на Фондот за здравство праша каков човек е Тодоров. дали тој е воопшто човек или машина.

a7

Протестантите од Фондот за здравство се упатија накај ресорното министерство, каде ги пречека кордон полиција. Целото министерство беше „окупирано“ од полицајци, плашејќи се револтираните граѓани да не влезат внатре во министерството. Тие со едноминутен молк и оддадоа почит на малата Тамара и цело време го повикуваа, Тодоров да се појави да не се крие позади прозорците.

– Вие министерството за здравство го претворивте во министерствот за смрт. Вие сте минитер за смрт. Зарем немате ни трошка совест, да си дадете оставка. Полицијаци што гледате, зарем не ви е жал. Вие имате ли деца? Знаете ли дека браните убијци. Зарем не се срамите – викаше едногласно насобраниот народ.

11001584_10206310108416764_8665590640592732090_o

Жаклина Димовска, мајката на малата Тамара одржа емотивен говор пред министерството за здравство, каде му се обрати лично на Тодоров.

– Излезете министре и поднесете одговорност. Едното дете ми го зедовте, другото чека потписи.Вие сте виновни, вие и вашиот систем. Вие ги наместивте двете комисии кои ја потпишаа смртната одлука за Тамара. Ако продолжевме со собирање пари, мојата ќерка сега ќе беше жива. Но, вие ветивте и излажавте дека ќе ја спасите. Ја испративте на вечно почивалишпте. Вие имате деца. Ќе ве стигне и вас Божјата казна, не го посакувам тоа на децата, туку вие да почувствате каква е таа болка. Мојата Тамара е сега кај ангелите. Тоа боли, многу боли – истакна со солзи во очите, Димовска.

10925476_10206310128897276_7610695510490563395_o

На крајот на протестот, насобраните ги оставија транспарентите и црвените картони пред Министерството. Сите собрани луѓе ја пееја песната „Ангел си ти “ од Тоше Проески, која била омилена на малечката Тамара. Цело време додека траеше протестот чукаше срце, кое по неколку минути прекинуваше. Така и заврши протестот.

10505047_10206310191138832_5616732816350898269_o

 

 

Поврзани новости