Пратениците утре ќе гласаат дали има потреба од Законот за јазици

Собраниската расправа за Законот за употреба на јазиците во прво читање заврши денеска, а претениците утре ќе гласаат за потребата од донесување на овој Закон.

По ова, законот оди во собраниската Комисија за европски прашањакаде ќе се поднесуваат амандмани. Бидејќи законот има европско знаменце, според Деловникот, расправата во Комисијата трае три дена, по што законот ќе оди на пленарна седница.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека  во оваа фаза ќе гласаат против, дека ќе поднесат многу амандмани и ќе се обидат „да ги тргнат одредниците што се против Уставот и дискриминаторските елементи за српската, ромската и бошњачката заедница, а не само на албанската.