Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ чекаат парламентарното мнозинство да обезбеди кворум

by fokus

По само петнаесет минути од почетокот на денешната собраниска седница претседателот на Собранието, Талат Џафери, мораше да прогласи пауза затоа што го немаше потребниот кворум за парламентот да донесува одлуки. Во салата беа присутни 59 пратеници, додека се потребни најмалку 61 пратеник за носење полноважни одлуки. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не беа на своите места. Тие чекаат парламентарното мнозинство да го обезбеди потребниот кворум за потоа да се вклучат во расправата.

Како прва точка на дневен ред пред пратениците е ребалансот на буџетот. Според деловниот расправата по оваа точка не може да трае повеќе од пет дена.

Поврзани новости