Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја бојкотираат седницата за симнување на пратеничките имунитети

by fokus

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека нивните пратеници нема да присуствуваат на денешната седница во Собранието на која треба да се разгледува судското барање за притвор на шестмина пратеници од нејзината коалиција. Собранието денеска на пладне треба да донесе одлука дали да им го симне имунитетот на овие пратеници, осомничени за „тероризам и загрозување на уставниот поредок“, поради нивното учество во насилните настани на 27-ми април.

„ВМРО-ДПМНЕ ги разгледува сите возможни опции за да се спротистави на ова безумије и да се стави во заштита на луѓето кои неправедно се дел од политички монитрани процеси без разлика дали тоа се пратеници, официјални лица или обични граѓани, чии единствен грев е што се дрзнале врз основа на својата совест и убедување да се спротистават на политиките на СДСМ. Овој политички прогон мора да запре“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

За симнување на имунитетот потребно е просто мнозинство односно 61 глас. Седницата на парламентот следува по вчерашната расправа во Комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашања каде поединечно гласање беше одлучено да се одобри барањето на судот за определување мерка притвор. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа ниту на комисиската расправа.

Поврзани новости