Пратениците кои останаа без имунитет ја разбираат потребата од таквата одлука, рече Тунтев

by fokus

Наша должност и одговорност е ова Собрание да застане на страна на еднаквоста, законот мора да важи за сите, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, за време на денешната собраниска седница на која беше одлучено да се одобри барањето на судот за притвор на шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Тунтев рече дека оваа одлука е во нивен интерес доколку се залагаат за функционирање на правната држава во Македонија.

-Убеден сум дека и нашите колеги пратеници на кои се однесува оваа одлука ја разбираат потребата како законодавен дом да овозможиме услови за правдата да го најде својот пат. Враќањето на правната држава е најважно за Република Македонија, а институциите имаат должност да го расветлат случајот за никогаш да не се повтори – рече Тунтев.

Во обраќањето пред парламентот Тунтев порача дека она што се случило тој ден е спротивно на сите човечки, морални, етички и законски правила и прописи.

-Тој дел кој влезе во сраманата историја на нашата држава мора да биде расчистен, за да ја избришеме оваа темна дамка. Му го должиме тоа Собранието. Соочени сме со сериозен предизвик. За нас не беше лесно да донесе конечна одлука. Се потпревме врз практиката и мудроста на ова Собрани кое изминатите години се соочувало со вакви предизвици. Од осомостојувањето на Македонија, Собранието никогаш не дозволило попречување на судските одлуки, не треба ни сега. Судот во неколку наврати побарал од Собранието да донесе одлука за одземање на имунитет на пратеници, а Собранието имало интенција да го остави судот да одлучува за пратениците, каок и за секој дргу граѓанин. Изборот за сите нас е јасен, не е едноставен, со оглед на заедничката определба на сите за правна држава – рече Тунтев пред Собранието со 67 гласа „за“ да им го симне имунитетот на шестмината осомничени пратеници.

Поврзани новости