Пратеничка осудена на една година и девет месеци затвор затоа што го навредила Ердоган

by fokus

Турска пратеничка, Лејла Брилик, од прокурдската Демократска партија на народите (ХДП) е осудена на една година и девет месеци затвор за навреда на претседателот, јавија турските медиуми повикувајќи се на извор од судот.

Според локалните медиуми, судот ја зголемил казната од 18 месеци на 21, затоа што актот бил направен јавно.

Бирлик беше уапсена на 4 ноември 2016 година и беше ослободена четири месеци подоцна. Пред извесно време таа беше обвинета за членство во терористичка група.

Во моментов во затвор се наоѓаат девет пратеници на ХДП кои се обвинети за тероризам. Меѓу уапсените се потпретседателот на партијата Селјахатин Демирташ и поранешната партиска потпретседателка Фиген Јуксекдаг.

Поврзани новости