Пожарот во Требовље стигна на пет метри до куќите, жителите бараат одговорност од Салиу

by fokus

Ситуацијата во селото Требовље во Македонски Брод станува алармантна. Жители на селото за „Фокус“ објаснуваат дека пожарот стигнал на само пет метри од првите куќи, а немаат ниту струја. Во моментов во селото се шеесетина војници на АРМ и неколку противпожарни возила од повеќе градови во Македонија.

-Состојбата е критична. Селото е опкружено со опожарена борова шума и пожарот е стигнат на пет метри од првите куќи. Линијата на пожарот е голема. Имаме многу замерки на постапувањето на Дирекцијата за заштита и спасување и директорот Шабан Салиу. Салиу сакаше да ги повлече луѓето кои го гасеа пожарот и војската да го напушти селото поради безбедност, вели жител на Требовље кој во моментов е во селото и помага во гаснењето.

Село Требовље нема многу постојани жители, а во моментов таму има двасетина луѓе кои доброволно се останати за да се борат со пожарот. Жителите на селото велат дека пожарот почнал пред десет дена, но тогаш никој не одговорил на нивното барање за помош.

Катерина Смилева

Поврзани новости