Пожарникар од Радовиш организирал игри на среќа во службена просторија

by Фокус

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против 47-годишниот Г.К. од Радовиш, командир на вод во Територијална противпожарна единица Радовиш, поради сомнение дека сторил кривично дело – комар.

Според Министерството за внатрешни работи, тој во една од просториите неовластено организирал игри на среќа што се забранети, односно се регулирани со Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

„На 20.10.2017 година, при увид во документацијата и преглед на определени службени простори на Територијалната противпожарна единица Радовиш, во една од службените простории бил забележан апарат за забавни игри со натпис, кој што се става во погон со пари, жетони или на друг начин. За констатираното бил известен Јавен обвинител, а апаратот бил одземен“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости