Пожар во бегалски камп во Париз

by Фокус

Синоќа изби голем пожар во бегалскиот камп во близината на пристаништето Кале, само неколку часа по крвавите терористички напади во Париз.

Повеќе пожарникари се бореле со огнената стихија, а сите присутни во кампот биле евакуирани.

Се уште не се открива дали има жртви во пожарот, а заменикот на градоначалникот Филип Мињоне ја отфрла информацијата дека пожарот избил како одмазда за терористичките напади.

Поврзани новости