Повторно хаос во Собрание: На Џафери му ја украле картичката, обезбедувње ја чуваше говорницата

by fokus

Продолжува хаосот на собраниската седница за разрешување на Марко Зврлевски. По последната десетминутна пауза, спикерот Талат Џафери рече дека некој од пратениците се дрзнал да му ја земе картичката и затоа тој го повикал собраниското обезбедување, кое стоеше од двете страни на говорницата. Во Собранието се зборува дека Илија Димовски е тој што му ја украл картичката на Џафери.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторна ја окупираа говорницата, а кога тие се повлекоа, Џафери го повлече и обезбедувањето.

Илија Димовски од собраниската говорница рече дека не сака да се предизвикуваат немили настани во собраниската сала, но дека и за љубов и за кавга се потребни двајца.

Поврзани новости