Повредени шест лица во сообраќајка во Скопје

by Fokus

Во сообраќајна несреќа во Скопје шест лица се повредени, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 01,20  часот на ул.“Ѓорче Петров“ после крстосницата со ул.“Васил Иљоски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Мини Купер“ со скопски регистерски таблици управувано од Е.М.(25) од Скопје и патничко моторно возило “Сеат Алтеа“ со скопски регистерски таблици управувано од А.А.(18) од Скопје. По ударот, возилото “Сеат Алтеа“ излетало надвор од коловозот и удрило во  металната канделабра за улично осветлување. Од сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобила возачот Е.М. која била пренесена во Комплекот клиники “Мајка Тереза“ и истата била задржана за понатамошно лекување, додека пак возачот А.А. се здобил со телесни повреди. Исто така, со телесни повреди се здобиле и сопатникот од возилото “Мини Купер“ Д.С.(25) од Скопје, како и сопатниците од возилото “Сеат Алтеа“ – Б.В.(20), Џ.С..(29) и А.А.(24).

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчиатување на случајот.

Поврзани новости