Повредени осум специјалци на МВР во сообраќајка

by Fokus

Осум припадници на специјалните сили на МВР се тешко повредени во синоќешната сообраќајка која се случи на булеварот Партизански одреди во Скопје. Тие биле во полициско транспортно возило кое било дел од голем конвој.

Во еден момент, поради непочитување на сообраќајните прописи и неприлагодена брзина во конвојот удрило „ауди“ со скопски таблички. Повредени со возило на Итна помош се префрлени на скопските клиники и во старата градска болница.

Поврзани новости