Повреден маж при пукањето во Чаир

by fokus

Триесет и петгодишен маж бил повреден од огнено оружје, откако попладнево беше пријавено пукање во Чаир.

Како што соопштија од МВР, пукањето било во 15.15 часот на улицата „Благоја Паровиќ“ во близина на берберницата „Прешево“.

Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Поврзани новости