Повеќе од половината сомнителни гласачи пак ќе се проверуваат

by Фокус

ДИК денеска го усвои Извештајот од теренската проверка на Избирачкиот список со седум гласа за и два гласа против. По внесените податоци во електронската евиденција на Државната изборна комисија, од теренската проверка, расчистен е сомнежот за 40.817 гласачи, а останата бројка од 46.475 ќе се проверува повторно со помош на МВР.

Според усвоениот Извештај, од вкупно 87.352 прашалници кои биле доставени до подрачните одделенија и канцеларии низ земјава, вратени се 87 074 прашалници, со што се констатира дека недостасуваат вкупно 282 прашалници.

Споротивно на ова, според извештајот пак од ИТ експертите, недостасуваат вкупно 414 прашалници.Членовите на ДИК од СДСМ сметаат дека сомнеително е прифаќањето на два извештаи кои треба да дадат исти резултати и затоа гласале против.

Поврзани новости