Потврдени притворите за четворица пратеници, Љупчо Димовски не поднел жалба

by fokus

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ги потврди во целост решенијата на судија на претходна постапка, со кои беше прифатен предлогот на надлежното обвинителство за определување мерка притвор за пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и мерка куќен притвор за Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска.

„Постапувајќи по жалби изјавени против решенијата на судија на претходна постапка за определување мерка притвор и мерка куќен притвор, а по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое решенијата на судија на претходна постапка со кои беше прифатен предлогот на надлежното обвинителство за определување мерка притвор за К.М. и Љ.А. како и мерка куќен притвор за Ј.Т и Ж.П. ги потврди во целост“, соопштија од Кривичниот суд.

Во однос на жалбата против решението на судија на претходна постапка за Сашо Василевски по донесено решение на советот, од Судот велат дека јавноста ќе биде дополнително информирана. Од судот додаваат дека од странките не е изјавена жалба по однос на решението да му биде определена мерка куќен притвор на пратеникот Љупчо Димовски.

 

Поврзани новости