Последен ден изборна кампања, од полноќ молк

by Fokus

На полноќ завршува изборната кампања за вториот круг од локалните избори и почнува молкот пред гласањето во недела.

Гласањето в недела, на 29 октомври, почнува во седум и ќе трае до 19 часот. Локалните избори ќе се спроведат во 35 општини на 1.517 избирачки места каде право на глас имаат 833.710 глаѓани. Во вториот круг учествуваат 70 кандидати за градоначалници.

Во скопските општини Бутел, Кисела Вода, Гази Баба, Сарај, Шуто Оризари и Чаир, право на глас имаат 260.194 граѓани, кои ќе гласаат на 387 избирачки места.

Поврзани новости