Поранешниот лидер на СПУКМ Кирил Спироски вработен во ЕЛЕМ

Поранешниот претседател на СПУКМ, Кирил Спироски, кој ги спороведе последните скандалозни избори за негов наследник, е вработен на неопределено време како референт во ЕЛЕМ, според известувањето што го објави Студентскиот пленум.

timthumb-1

Како што пишува во известувањето до кандидат кој е одбиен, Спироски е избран на јавниот оглас и ќе работи во Подружница ХЕЦ Треска во Скопје.

Спироски бегаше од студентите при последните избори за претседател на СПУКМ откако беа украдени кутиите со цел истите да не се бројат на факултетите туку во просториите на СПУКМ.