Поранешни функционери ги спасувале насилниците од приведување

by fokus

Ноќта по дивеењето во Собранието во полициската станица биле доведени само 9 лица од страна на полицијата но и тие биле веднаш пуштени затоа што полициските службеници ги пријавиле како доведени лица, а не како приведени, објави НОВАТВ откако разговарале со неколку извори кои што таа ноќ биле директно вклучени во задоцнетата полициска акција по тепањето пратеници и демолирањето на парламентот.

„Ги носевме во комбињата. Како што ги возевме постојано се јавуваа луѓе како градоначалници од Скопје и министри, но и поранешни високи функционери и само ни наредуваа „Пушти го овој, остави го овој“. Додека да стасаме до полициската во Автокоманда буквално беа празнети по улици комбињата. Таму донесовме 8 или 9 луѓе. Полицијаците се плашеа да кажат дека луѓето се приведени. Кога внесувате лице во станица мора да кажете по кој основ е приведен. Ако не кажете тогаш тоа лице е слободен човек, немате основ да го држите. Сите осомничени беа пријавувани во станицата како „доведени“ лица. Потоа сите беа пуштени“, раскажува извор во полицијата за НОВАТВ.

 

Поврзани новости