Поповска: Решение е техничка влада и нова ДИК

by Фокус

Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска денеска се сретна со специјалниот пратеник на Германија за Македонија, Јоханес Хајндл.

На средбата се разговараше за можните решенија на политичката криза во земјава.

– Поповска истакна дека треба да се возобнови спроведувањето на договорот од Пржино, кој дава прецизна рамка за паралелно решавање на правните и политичките проблеми. Тоа значи поништување на аболицијата, формирање техничка влада во поширок формат, контролирано прочистување на Избирачкиот список под надзор од македонска и надворешна експертска група, евентуално избор на нова ДИК од експерти, овозможување на СЈО да си ја врши работата преку повеќе мерки и закони – се наведува во соопштението.