Попладне се очекуваат врнежи од дожд и снег

by fokus

Денеска во Македонија се очекува магла по котлините, а во попладневните часови врнежи од дожд, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта и низ целата држава.

Во северозападните делови врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер кој во текот на ноќта ќе го смени правецот во северен, а температурата ќе се движи од седум до 16 степени.

Утре се очекува да биде претежно облачно, студено и ветровите и со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места снег.

Повеќе дожд се очекува да наврне во источните делови, а на повеќе места ќе дува засилен северен ветел. Снежна покривка се очекува да се формира на планините и повиоките места. Дневната температура ќе биде ниска и ќе се движи од три до девет степени.

Поврзани новости