Поништена одлуката за уривање на дивоградбата на Панчевски

by fokus

Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, донесе решение со кое одлуката за уривање на зградата на претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, е противзаконска.

Според решението, Општина Центар постапила незаконски со уривањето, а предметот е вратен на повторно одлучување.

Инаку, Општина Центар вчера поднесе кривична пријава против Панчевски и уште две лица за сторено кривично дело бесправно надградување на два ката на зградата во строгиот центар на градот.

Неколку дена претходно пак, Панчевски и неговото семејство самоиницијативно срушија дел од објектот.

Поврзани новости