Поминаа три години од задушениот новинарски протест за слобода на Кежаровски

by Fokus

Пред три години, на 23 октомври во 2013 година, новинарите беа спречени од страна на полициски сили да одржат мирен протест пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

Протестот за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски беше закажан пред овој објект, но кога новинарите започнаа да се собираат, полицијата брутално ги избутка на плоштадот Филип Втори и не им дозволи да се приближат до објектот.

На фејсбук се огласи и новинарот Кежаровски повикувајќи ги новинарите утре да му се приклучат на плоштадот Филип Втори, кај Музејот на ВМРО каде што пред три години се одржа протестот за негово ослободување.

Поврзани новости