Полициско возило удри во велосипедист во Скопје

by Fokus

Полициско возило на семафорот пред ЕУ инфо центар на пешачки премин, удри во велосипедист, објави иницијативата „НаТочак“.

Под постот на ФБ е поставенна и фотографија од сообраќајната незгода во центарот на Скопје. Се појаснува дека полициското возило свртело десно, заобиколувајќи го триаголникот и го удрил велосипедот додека поминувал пешачки на зелено. Велосипедистот, информираат од „НаТочак“ ја преживеал несреќата и е добро.

Истовремено апелираат до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да почне со решавање на овој системски проблем.

Поврзани новости