Полицијата вечерва врши акциски контроли во угостителски објекти и агенции за обезбедување во центарот на Скопје

by Fokus

Полицијата вечерва спроведува акциски контроли во угостителски објекти, објекти за забава, агенции за обезбедување, дознава неофицијално „Фокус“.

Според нашите информации, вечерва се вршат редовни контроли во повеќе објекти низ центарот на градот. Со полицијата на терен се и пазарните инспектори, како и инспектори теод Управата за јавни приходи.

Официјални информации за вечерашните контроли се очекуваат утре во текот на денот.

Поврзани новости